Facebook со новата опција „Stories“ на корисниците им овозможува да дознаат кој го следи секој нивни чекор на најпопуларната светска социјална мрежа.
Имено, опцијата „Stories“ која стигна и на Facebook апликациите, им овозможува на корисниците да видат кој од нивните пријатели погледнале што било објавено. Споменатата опција е преземена од Snapchat, а Facebook на почеток ја интегрира во Instagram, Messenger и WhatsApp, а на крај и во главната апликација.
На сите споменати платформи таа функционира исто. Корисниците објавуваат фотографии и снимки што нивните пријатели можат да ги погледнат, а кои ќе исчезнат во период од 24 часа. Исто така, во секој момент е возможно да се види бројот на пријатели кои ја погледнале вашата објава, како и нивните имиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)