| четврток, 6 декември 2018 |

Раул Гонзалес направи две измени, Јоноски се враќа во репрезентацијата

Ракометната репрезентација на Македонија за вечерашниот натпревар против Чешка на располагање во составот ќе го има и Ацо Јоноски. Иако не беше во тимот со Украина, нашиот интернационалец вчера се приклучил на подготовките.

Сè уште е неизвесно дали Јоноски исто како Влатко Митков ќе се прости од активно играње само од репрезентацијата. 36-годишниот Јонсоки, кој долги години беше столб на одбраната на Македонија, беше дел од шест големи натпреварувања.

Во последните неколку години беше дел од Бундеслигата, каде играше за тимот на Бергишер. Во кариерата има настапувано и за Ла Риоха, Сент Гален, Бјерингбо, Босна, Вардар, Металург, а својата ракометна слава ја стекна во битолски Пелистер.

Покрај Јоноски за денешниот натпревар селекторот Раул Гонзалес направи и промена на голманската позиција, на местот на Даскаловски за денешниот натпревар е повикан Никола Митревски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top