| четврток, 6 декември 2018 |

Дани Алвес се сели на островото

Бразилскиот фудбалер и член на Јувентус, Дани Алвес ќе биде нов играч на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, пишува утрово „Гардиан“.

Според медиумот, 34-годишниот Бразилец е една од најголемите желби на Пеп Гвардиола, кој е подготвен да издвои 7 милиони евра за реализација на овој трансфер.

Сепак, Алвес бил втора опција кај Пеп за оваа позиција, но откако не успеаја да го ангажираат Кајл Вокер од Тотенхем, „граѓаните“ своите погледи ги насочија кон десниот бек.

Ова значи и обновување на соработката помеѓу Дани Алвес и Пеп Гвардиола, кои беа заедно во едни од најуспешните години на „каталонците“, кога беа освоени и шест титули во една сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top