-Ги следам внимателно повиците за Виетнамски сценарија, улични борби или формирање на македонски терористички групи, или некакви други опции или пак блокови со различни стратешки интереси и слично. Тоа се афектни пораки, кои не ја гледаат целата слика, и се заради емотивен набој од неправдата која ни се случува на сите, посебно на државата. Но тоа не е решение. Тоа само може целосно да ја растури Македонија. Јас такво нешто нема да дозволам. И ако цената за тоа е мојата судбина, тогаш нема никаков проблем, еве ја, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевско во своето обраќање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.