| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ: Бевме единствени кога требаше да се застане во одбрана на државата

Собрани сме да го одбележиме и прославиме 27-миот роденден на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, во 124-тата година од основањето на организацијата во 1893тата година, рече на почетокот од своето обраќање вечерва лидерот на партијата, Никола Груевски.

Тоа се години на пишување историја. Години на лични жртви и големи ризици.Години на непокор, на борба за ослободување, градење на нација, создавање на држава, одржување, развој и зајакнување на државата. Години на успеси, подеми и падови. Години на премрежија и крупни предизвици. Години на слабости и грешки, но и години на храброст, мудрост, успеси и напредок. Години на борба за каузата. Години на отпор на браникот на одбраната на државата и нацијата. Години посветени на Македонија, на реализирани и нерализирани соништа, но и години на многу решени проблеми и донесени исправни стратешки одлуки. Години во кои и во најтешките денови нашата идеологија беше арматурата која цврсто не држеше и недозволи нападите и ударите однадвор да завршат фатално за нас како партија и за Макеоднија. Но и период во кој од последните 11 години имаме 10 изборни победи по ред. 10 пати најголемото мнозинство од народот во оваа земја оцени дека нашиот пат, цели и нашите одлуки, програма, реализација, тим и идеологија, се најисправни, најправични и најдобри за Македонија и народот во неа. Непобедени. Непокорни. Единствени.

Единствени кога требаше да се изјасниме за своја држава. Единствени кога требаше да се застане во одбрана на државата. Единствени во истрајноста и во упорноста кон успехот, единствени во реформите и во отворањето нови работни места. Единствени во поставувањето на државниот пред личниот и партиски интерес. Единствени во непоколебливоста и истрајноста во борбата за стратешките интереси на државата и нацијата. Единствени кои независно носиме одлуки за клучните прашања за Македонија. Единствени кои се спротиставија кога сите се плашеа. Единствени во многу одлуки кои не прават посебни и повредни, и заради кои народот на слободни избори не бираше, не гласаше, ни се лутеше и укоруваше кога грешевме, некогаш и не толерираше имајќи во предвид дека кој работи и греши, но како што ние дававме се од нас да помогнеме за нашиот народ и граѓани, истиот застана зад нас и кога ни беше најтешко, кога бевме организирано нападнати од сите страни со нетипични оружја во политиката, ако воопшто тоа може да се нарече политика. Да, и тогаш, на последните избори, пак мнозинството народ застана зад нас, со цел да ја одбрани Македонија, одбирајки партија која покажа дека најдобро знае да ја унапредува земјата и да решава проблеми, рече Груевски.

Груевски јавно им се заблагодари на сите кои се составен дел од оваа приказна и оваа борба на оваа генерација.

-Да се заблагодарам на сите членови и активисти на партијата, па и на оние кои биле па сега не се со нас, на основачите на ВМРО-ДПМНЕ,на идеолозите на партијата, теренашите кои ја создаваа и градеа, на првите иницијатори, на првиот претседател и првото раководство на партијата, на ветераните на партијата, првите раководства низ сите градови и села, за нивната храброст, визија и патриотизам. И истовремено да потсетам на големото визионерство, храброст и саможртва на основачите, на Македонската Револуционерна Организација, подоцна преименувана во ВМРО и на сите нејзини борци, комити, војводи и следбеници. Нивната идеја за независна држава продолжи и кога навидум ВМРО по 41 година бурна активност беше разбиено. Некои од нив вклучувајќи се во партизанските одреди, други потоа како нескршливи борци за слобода и независност на Макеоднија за време на комунистичкиот режим, но сите тие имаа иста цел, слободна и независна Макеоднија.  Ние, кои го наследивме и продолживме нивното дело, ја имаме одговорноста за нашето време, кон нашите предци, кон нашиот народ и кон идните поколенија во Македонија, и несмееме да потфрлиме во таа задача, независно на околностите, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top