Клиниката за гинекологија и акушерство доби три нови апрати за ЦТГ, наменети за следење на срцевата активност на плодот на мајката. Два од нив се за близначна бременост.
Марија Хаџилега, директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство, при благодарницата до операторот „Вип“, посочи дека пренаталната дијагностика не може да се замисли без современата технологија.
– ЦТГ апаратите се од особена важност за следење на состојбата во тек на породувањето, како и за следење за состојбата на плодот кај нормални бремености кои го надминале терминот за породување, а и порано кај високоризичните бремености, трудници со дијабет, со хипертензија, застој во растот и слично. На тој начин значително придонесуваат во намалување на перинаталната смртност – рече Хаџи Лега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија
-
Нов случај на дете со дијабет испратено од Охрид на Детската клиника
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми