Суперкупот на Европа доаѓа во Скопје. Големи фудбалски имиња пристигнуваат во земјата. Силите на 8 август ќе ги одмерат Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Сите љубители на фудбалот од земјава зборуваат за доаѓањето на Роналдо, Бензема, Модриќ, Руни, Рамос, Бејл, Погба… Скопје ќе биде домаќин на грандиозниот фудбалски настан, скопјани ќе бидат домаќини на љубители на фудбалот од цела Европа.
Во хотелите во градот веќе немаат слободни места. Резервации се прават и во градовите близу Скопје, Велес и Куманово. Хотелите и хостелите направија посебен ценовник има за периодот од 1 до 10 август.
Скопјани тријат раце. Се огласуваат станови, а цената за една вечер е повисока од месечна кирија во Скопје.
На AIRBNB се наоѓаат станови за кои за една вечер во периодот кога се оддржува Суперкупот цената достигнува и до 750 евра.
Стан во близина на Центар, кој во првата недела од јули може да се изнајми за 25 евра од вечер, во август чини 168 евра. Цеите кои ги извадивме се однесуваат за две лица од вечер – првата за период околу 5 јули, вторите за периодот околу 8 август.
Во еден стан кој на фотографиите изгледа добро уреден за една ноќ во јули се плаќа 33 евра, но затоа пак на денот Д цената е речиси 4 пати повисока – 124 евра.
Има и сопственици кои се решиле цената на изнајмување на нивниот стан во периодот околу 8 август да биде дури 11 пати повисока од цената за јули. Па така се наоѓа стан кој во јуни чини 2 евра, но во август 318 евра.
Има и поскромни сопственици кои решиле да бидат поумерени во покачувањето нацените, па така од 18 евра, во август цената за изнајмување се качила на 45 евра.
Многумина гледаат лесна заработувачка на 8 август, па се решаваат дури и да ги рентаат становите во кои живеат. Па така, се наоѓаат станови кои можат да се изнајмат само во периодот околу Суперкупот. За останатиот период, пред август и после август до јануари следната година стои дека истите се веќе изнајмени… Цената е вртоглави 750 евра од вечер.
Мислењата на луѓето поделени. Додека едни велат дека Македонецот сака лесна заработувачка, без нималку работа, други сметаат дека ова е момент што сите треба да го искористат.
-Ова е шанса за сите. Не е мала работа. Ќе влезат многу гости во државата, а тие ќе потрошт многу пари. Зошто да не искористи секој што може?! – велат тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.