| четврток, 6 декември 2018 |

Радоњиќ: Повеќе не сум тренер на Црвена Звезда, не е реално да останам во клубот

Црвена звезда освои нова титула во српското првенство совладувајќи го тимот на ФМП со 87-57. „Црвено-белите“ имаа причина за славје по новата успешна сезона, но тренерот Дејан Радоњиќ ја расипа забавата откако соопшти дека најверојатно во следната сезона нема да седи на клупата на „црвено-белите“.

– Ми истекува договорот и правно гледано повеќе не сум тренер на Црвена звезда. Зборувавме со Небојша Човиќ на оваа тема, но разговорите не се реални. Многу работи треба да се направат за Црвена звезда да чекори напред, многу работи изградивме и се надевам дека ќе се продолжи во ист правец. Желбата не е спорна, но во овие околности не е реално да останам во клубот – изјави Радоњиќ.

Само за потсетување, Црвена звезда повторно ја освои титулата во АБА-лигата, доминираше и на српската кошаркарска сцена, додека во Евролигата во последното коло со поразот од Дарушака не успеа да се пласира во Топ 8 фазата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top