| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна тепачка меѓу Арапските магнати поради кризата во Катар

Делегации од Катар и Саудиска Арабија започнале меѓусебна тепачка на конференцијата на Унијата на работници од нафтената област, што се одржува во Кувајт.
Видео снимката ја објави ирачкиот политичар Валид Ел Азави. Според него, инцидентот се случил на 20 март оваа година, на маргините на настанот.

Саудиските нафтени претставници почнале да ги навредуваат своите катарски колеги, кои на крајот го загубиле трпението и се нафрлиле врз своите противници со тупаници.

Да потсетиме, неколку земји од Блискиот Исток, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Египет и Обединетите Арапски Емирати, на почетокот на јуни ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи ја земјата за поддржување на тероризмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top