| четврток, 6 декември 2018 |

ЕП фудбал У-21: Словачка го изненади домаќинот Полска

Репрезентацијата на Словачка го победи домаќинот Полска со 2-1 синоќа во вториот натпревар на Европското првенство за фудбалери до 21 година.

Полска одлично го отвори мечот и веќе во 1.минута поведе преку Патрик Липски. Мартин Валјент во 20.минута изедначи, а победа за Словаците ја обезбеди Павол Шафранко во 78. минута.

Претходно, во првиот натпревар од групата А, Шведска и Англија ремизираа 0:0.

Двојки за денеска:
Португалија – Србија (18 часот)
Шпанија – Македонија (20:45 часот)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top