| четврток, 6 декември 2018 |

Овие хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во јули

Близнаци
Сакате да ја подобрите вашата положба и материјалниот статус. Имате прекрасна визија и доволно енергија така што новите случувања на работното место не сакате да ги препуштите на случајот, но со целиот ваш труд Меркур во вашиот знак го претставува и двоумењето и неопределеноста. До 30-ти јуни, додека не влезе во знакот Рак ќе трпи притисок од опозицијата со Сатурн и неможе да ги исполни сите негови добри особеносто до крај. Важно е на работите да им приоѓате селективно и да не се обидувате се да решавате одеднаш, за да ја сочувате контролата нас ситуацијата. Преиспитајте ги новите бизнис прилики и проценете колку се реални, вредни или исплатливи. Во текот на овој период се стекнуваат услови за подобрување на финансиската состојба во согласност со поволното влијание на Венера на полето на парите. Ако се занимавате со едукација или комуникации, ќе бидете во можност да напредувате. Исто така, периодот е поволен за сите оние што се занимаваат со недвижности. Можно решавање на станбеното прашање.

Здравје – До крајот на јуни ретроградниот, потоа директен бавен Марс во вашето поле на болестите може да донесе разни видови инфекции, воспаленија и слични проблеми, во текот на целиот период. На најмалиот знак за проблем неопходно е да се обратите кај лекар.

Лав
Мошне сте креативни, имате прекрасни идеи и прилика да ги докажете вашите професионални способности во друштвото на соработниците. Освен тоа, планетите ви се наклонети па од 12-ти јули правете планови, а од наведениот датум почнете да ги реализирате. Слободно растргнете се на повеќе страни, затоа што во наведениот период Венера, а потоа и Меркур со влегувањето во вашиот знак потенцираат голем број прилики, идеи и договори и се останато што ќе го направи вашиот работен живот побогат и подобар. Условите во кои што се наоѓате делуваат променливо, но тоа нема да ве оневозможи да остварите позитивни резултати. Прашањето за работната организација и довербата во одредени соработници ќе бара од вас добро да размислите пред да се одлучите на конкретните одговори или за крајниот избор. Немојте да дозволувате да ве вознемируваат некои споредни настани, да се концентрирате на вашите цели и активно да ги следите новите настани. Покажете добра волја и подготвеност на различни промени и на усовршување.

Здравје – Исцрпени сте и потребен ви е одмор. Проблемите со несоница дополнително ја отежнуваат ситуацијата. Престанете да мислите за случувањата од минатото, затоа што тоа дополнително ви го крева нивото на стрес. Водете сметка за апетитот и реалните потреби на организмот за да не нафрлите непотребно некој килограм вишок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top