| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе ви се исполнат желбите: Се верува дека јули е волшебен месец

Нашите предци ги сакале прославите и обичаите кои ги правеле како би се сочувале од несреќа и болести, барајќи ја на тој начин милоста на боговите. Пролетта и летото секогаш биле резервирани за разни ритуали, а посебно волшебни биле јули и август кога го славеле собирањето на макотрпната работа.

Ова се датумите кои во јули ќе бидат посебно волшебни и значајни:

12 јули-Не очекува Петровден, за кој се врзани интересни ритуали. Би требало рано да станете и уживате во зрaците на сонцето кое излегува. Познат е обичајот на берење цвеќиња, од кои се прават венчиња. Додека го плетете венецот, замислувате желба, а истиот треба да го чувате во куќата, додека желбата не ви се оствари. Емотивно неисполнетите лица треба да наберат цвеќе, да го стават на перница и така да преспијат.

20 јули-Во словенската митологија ова важи за Перунов ден, па можете да му обратите за сила и да го замолите за три желби. Се верува дека кој на тој ден поседи под даб, ќе добие сила и добро здравје за време на годината.

29 јули-Се советува да се набере жито, да се врзе во сноп со црвена лента, а потоа да се стави во некој агол на куќата. Ова наводно ќе го заштити вашиот дом од лоша енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top