| четврток, 6 декември 2018 |

Се надевам дека е лапсус на СДС планираниот закон за геодетска дејност

56 проценти од луѓето во Македонија немаа пристап до катастар. Изминативе десет години се рализираа многу проекти, за неплони шест години има катастар низ цела Македонија. За развој на катастарот беше клучен и електронскиот катастар. Има многу бенефити за многу граѓани од државата. Денеска имотен лист може да извадите од било кој град во Македонија и преку електронската продавница од било кое место во светот. Покарј овие работи, катастарот има девет циклуси со отворени денови, се одеше од град до град да се слушаа сите проблеми на граѓаните. Катастарот направи дигитализација на севкупното работење во рамки и на својот секундаерн бизнис. Со електронскиот шалетер, денеска податоците од катастар може да ги добиете 24 часа. Го потставивме и регистарот на цени на недвижности. Со системот за секој урбанистички план може да се види што е предвидено да се гради, секој бизнисмен и граѓанин може да ги дознае тие податоци. Новата влада во своите четири проекти кои ги планира во иднина веќе има завршен проект од оваа влада. Адресен регистер е другиот нивен план, за кој веќе ние имаме направено пилот проект, па се надевам дека новата влада ќе го продолжи. Законот за геодетска дејност се надевам дека е некој лапсус на новата влада, бидејки ЕУ тоа не го дозволува. Апелот е: добро да се осмислат сите работи, реална проценка, за да не се дојде до банкрот на катастарот. За разлика од овие неколку проекти, ВМРО – ДПМНЕ имаше 20 проекти за катастарот во својата програма за кој се надевам дека СДС ќе ги отвори и ќе ги види, бидејки се според сите светски и ЕУ страндарди, ова денеска на панел дискусијата на ВМРО – ДМНЕ го изјави Славче Трпески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top