Во текот на вчерашниот ден во Битола, додека двајца полициски службеници се движеле со службено возило по улицата „Цар Самоил“, на која сообраќајот е еднонасочен, од спротивен правец наишол мотоцикл управуван од непознато лице. Истите, од возилото, преку прозорецот, го предупредиле возачот дека се движи во забранета насока за сообраќај, на што мотоциклистот на висок тон се обратил на полицискиот службеник.
Тогаш истата излегла од возилото, се легитимирала и побарала од возачот да го отстрани мотоциклот од коловозот и да се легитимира. Возачот не ги послушал наредбите, го стартувал мотоциклот и побегнал, движејќи се во спротивен правец. Потоа, полициските службеници продолжиле со движењето кога во еден момент мотоклицистот се појавил позади нив и почнал да вика да застанат, ги навредувал и омаловажувал и им упатил закани по нивните животи.
Полициските службеници го сопреле возилото и излегле, повторно се легитимирале и побарале од лицето документ за идентификација. Истиот одбил да се легитимира, велејќи дека и тој е полицаец и физички ги нападнал полициските службеници, кои успеале да ги избегнат ударите. После тоа, полициските службеници го задржале лицето до доаѓањето на интервентната екипа.
Лицето е лишено од слобода и приведено во ПС ОН Битола, каде е утврдено дека се работи за В.Ш. (53) од Битола. За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно расветлување и документирање на настанот, против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.