Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ во текот на вчерашниот ден ја продолжи соработката со полскиот Стал Остров, а дека работата на доскорешниот тренер на МЗТ Скопје не ја ценат само одговорните луѓе на клубот ни потврди објавата на Европската кошаркарска федерација.
По лошата етапа во македонскиот првак, Емил го презема Стал Остров и успеа да оствари навистина фантастични резултати во полската кошаркарска лига каде се истакна и претходно, а бронзениот медал кој го освои во домашното првенство му го донесе и епитетот најдобар тренер во Полска за штотуку завршената сезона.
– Ви благодарам за признанието „тренер на годината во Полска“. Оваа награда и освоениот медал се освоени благодарение на моите играчи, нашите фанови, нашиот клуб и нашиот град – вели Рајковиќ во својата благодарница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.