Најтиражниот португалски спортски весник „А Бола“ ја шокира јавноста со денешната насловна страница, на која објави дека најдобриот фудбалер за 2016 година и „срцето“ на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо донел одлука да го напушти европскиот првак и Шпанија ова лето.
Причина е истрагата во која Португалецот се гони за затајување данок од преку 14 милиони евра. Според весникот, Роналдо е гневен на шпански власти и нивните закони и сака да ја промени средината. За многумина одлуката е изненадување, бидејќи клубот веднаш излезе со соопштение во јавноста, во кое застана во одбрана на својот најдобар фудбалер.
Кристијано е концентиран на Купот на конфедерации кој почнува утре во Русија, а Португалија како европски првак за првпат ќе учествува на овој голем собир. Минатата недела актуелна беше астрономската понуда која на адреса на Роналдо пристигна од Кина, а со внимание неговата ситуација ја следат и англиските клубови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.