Швеѓанецот Ралф Сундеберг остана во притвор и покрај 15 те илјади евра кауција. Судот го товари дека со клоци нападнал собарка во хотел во Сончев брег, Бугарија.
Тој е обвинет за нанесување лесна телесна повреда од хулигански побуди, за што може да добие и три години затвор. Швеѓанецот во судницата денеска побарал да биде ослободен со кауција, со тоа што заедно со неговиот брат ќе останат во Бугарија до конечната пресуда. Тој понудил 15 илјади евра, колку што имал, но судиите не прифатиле да го ослободат од притворот.
Туристот раскажа дека пред две недели, кога се случил инцидентот, бил пијан и не се сеќава што точно се случило. Помислил дека семејството му е киднапирано и затоа бил агресивен. Заспал на стол, а кога се разбудил, паричникот му бил празен. Утредента, за време на појадокот, полицијата го привела и му кажале дека направил нешто лошо. Отишол во полициска станица и таму му кажале дека ја клоцал собарката, на што Швеѓанецот не можел да се сети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)