Лондон и денеска се разбуди со неверување откако пред два дена во огнена стихија целосно изгоре една 27 катница во центарот на градот.
Англиските медиуми пишуваат дека повеќе од 17 лица го загубија животот, а над 600 станари останаа без покрив на главата.
Причината за пожарот според официјалните информации е неисправен фрижидер кој се запалил на четвртиот кат од зградата, а медиумите го објавија и човекот во чии стан избувнал пожарот.
Се работи за Бехаилу Кебеде, татко на едно дете кој го пуштил алармот откако проценил дека пожарот се шири во неговиот стан 16 на четвриот кат.
Еден од сведоците и првите соседи на Кебеде, Марун Адам кој живее на истиот кат во станот број 14 вели дека неговиот сосед истрчал рано утрото кај него и му соопштил дека неговиот стан гори.
Тие двајцата откако не можеле да се справат со оганот го пуштиле алармот и ги предупредиле станарите да се евакуираат, но за жал пожарот се ширел толку брзо што однесе над 17 жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом
-
За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!
-
Судирот на двајца браќа создаде монструм: Оваа зграда е ново градежно чудо!
-
Инвеститорот на објектот кај „Мајчин дом“: Ќе поднесам тужби ако ми се кочи градбата