| четврток, 6 декември 2018 |

Србија ја добива првата жена премиер: Делела флаери во Лондон и призна дека е геј

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја предложи Ана Брнабиќ за премиер на земјата. Таа во моментов е министер на локална самоуправа. Брнабиќ  има над 10 години искуство со меѓународни организации и странски инвеститори, како и во локалната самоуправа.

Вучиќ објаснил дека Брнабиќ го известила оти може да обезбеди мнозинство меѓу пратениците во Парламентот за избор на Владата што ја предлага.

Ана Брнабиќ ќе биде првата жена на чело на српска влада, како и првиот премиер со хомосексуална определба. Таа високо образование завршила во САД, на универзитетото во Мичиген, а не крие дека во Америка, како и во Англија работела на разни работни места, како и делење на флаери во Лондон за 5 фунти на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top