Скопско лето 2017 по 38-ми пат се одржува оваа година, кога на Светскиот Ден на Музиката (21 јуни) со концерт на урскиот етномузичар Омер Фарук Текбилек во Македонската опера и балет. Омер Фарук Текбилек (Ömer Faruk Tekbilek) настапува на неј, саз, тарабука, ут, зурла, Алесандро Гвис (Allesandro Gwis) – клавијатури, Бахадир Сенер (Bahadir Sener) – канон, Федерико Фернандина (Federico Ferrandina) – гитара, Ратко Даутовски – перкусии, Вагелис Карипис (Vagelis Karipis) – тапани, пекусии – (во соработка со Институтот Јунус Емре – Турски Културен Центар Скопје).
Истиот ден ќе се одржи концертот „ЛЕТНИ НОТИ“ на Градскиот дувачки оркестар, диригент Хусеин Еминовиќ на Улица „Македонија“ и инсталација THINK FREEDOME – МИСЛИ СЛОБОДА на Едина Селешковиќ – Бoсна и Херцеговина, исто така на Улица „Македонија.
На 22 јуни на програмата се: „СЛОВЕНЕЧКИОТ СТРИП ОД КЛАСИЦИ ДО ИДНИНА“ изложба на стрипови; автори: Мики Мустер, Костја Гатник, Томаж Лавриќ, Зоран Смилјаниќ, Бернард Коле, Душан Кастелиќ и Игор Рибич. Фоаје на МОБ
-Концерт на рок групата ЛАЧНИ ФРАНЗ– Словенија,
Зоран Предин – вокал, Анеј Кочевар – бас, Лука Чадеж – тапани, Боштјан Артичек – клавијатури, Тине Час – гитара
(во соработка со Амбасадата на Р. Словенија во Р. Македонија)
– Плоштад „Мајка Тереза“ (плато пре Македонска Опера и Балет).
На 23 јуни:
- – Театарска претстава „НИЧИЈА ЗЕМЈА“, по текст на Денис Тановиќ и Александар Морфов, режија: Александар Морфов – Бугарија, Сценографи:Никола Тороманов и Валентин Светозарев, Костимографи: Валентин Светозарев и Никола Тороманов, Дизајнер на светло: Крис Јегер, Асистенти на режисерот: Николина Кујача и Никола Кимовски, играат: Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Миќиќ, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев, Оливер Митковски, Камка Тоциновски, Ненад Анѓелковиќ, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Кристина Гиева, Филип Миленкоски, Александар Иваноски, Марија Кондовска и Томе Станковски
продукција: Македонски народен театар
– Македонски народен театар
– „ТВОЈ И МОЈ ГРАД“– изложба на слики и уникатни теракоти на АДИН ХЕБИБ – Босна и Херцеговина
– НЛБ Галерија
24. јуни
– РЕКВИЕМ – В.А. Моцарт – концерт на хорот и оркестарот на Македонска опера и балет – диригент: Иван Еминовиќ, солисти: Благој Нацоски – тенор, Ирена Кавкалевска – мецо-сопран, Владимир Саздовски – бас, режија: Дејан Прошев, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска
– Плоштад Мајка Тереза (плато пре Македонска опера и балет)
25 јуни
– Концерт „ФОЛКЛОРОТ НОСИ САМО ЕДНО ИМЕ“ – АНИП „Орце Николов“
– Плоштад „Карпошово востание“
26 јуни
– Детски фестивал „ПОТОЧИЊА“
– Плоштад „Карпошово востание
27 јуни
Концерт на џез групата „KODÁLY TRIO“ – Унгарија, Дежо Олах (Dezső Oláh) – пијано, Џерџели Тар (Gergely Tar) – перкусии, Золтан Ердо (Zoltán Erdő) – кларинет, тарогато (во соработка со Амбасада на Унгарија)
– концертот е дел од Програмата за одбележување на 135 години од раѓањето и 50 години од смртта на Золтан Кодаљ
– Факултет за ликовна уметnост – Сули ан
(алтернатива: Мултимедијален центар „Јавна соба“)
28 јуни
– Изложба „ФЕМИНА“, куратор: Јана Манева Чупоска, учесници: Јана Манева – Чупоска, Жанета Вангели, Славица Јанешлиева, Петра Јовановска, Маријана Костојчиновска Узунчева, Александра Ристовска, Илина Арсова, Дороти Пачкова, Сергеј Андреевски, Феким Хусковиќ, Јован Балов, Жарко Башевски, Ангел Мијов, Миле Ничевски, Борче Богоевски, Милан Андов (во соработка со ДЛУМ)
– Културно информативен центар – Салон 1
– Концерт “РИТАМОТ НА МАНДОЛИНАТА“ – мандолински оркестар „Скопје“, гости: гудачки камерен оркестар „Арко“ – диригент: Ерхан Шукри
– Факултет за ликовна уметnост – Сули ан
(алтернатива: Музеј на македонската борба за државност и самостојност)
29 јуни
Промоција на книгата „КИНЕЕЊЕ 3Д“ од Тони Цифровски, издавач: Дирекција за култура и уметност – Скопје
– Кинотека на Македонија
– Мултимедијален проект „ЉУБЕН ИВАНОВ 25“– на Ана Марковска
– Музеј на град Скопје
30 јуни
Комична опера во два чина „ТАКА ПРАВАТ СИТЕ“ – В. А. Моцарт – Оперски ансамбл на Уметничката академија од Осијек – Хрватска, учествуваат: Габриела Шкрабал, Мирна Видовиќ, Ања Папа, Стеван Каранац, Влахо Љутиќ, Берислав Јерковиќ, пијано придружба: Анте Блажевиќ
– Плоштад Мајка Тереза (плато пре Македонска опера и балет)
И следните денови, љубителите на уметноста, музиката и пишаниот збор ќе имаат можност да проследат бројни изложби, театарски претстави, концерти итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)