На денешното продолжение на пленарната седница Талат Џафери по којзнае кој пат го крши Деловникот на Собранието не давајќи му право на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев да се обрати процедурално.
Откако Ѓорчев излезе на говорница и почна со процедуралното излагање, Талат Џафери, спротивно на Деловникот за работа на Собранието, одби да го вклучи микрофонот, а по неколку мигови побара и од собраниското обезбедување да биде отстранет пратеникот Владимир Ѓорчев од говорницата ускратувајќи му го деловничкото право да говори.
На ваквата провокација и скандалозно однесување од страна на Џафери реагираа другите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и застанаа пред говорницата изразувајќи незадоволство од однесувањето на Талат Џафери.
По сè изгледа, новата власт на чело со СДСМ на овој начин ја практикува и разбира демократијата и свесно го ускратува правото на говор на секој пратеник во Собранието што е гласноговорник на граѓаните што гласале за него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)