| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ прославува 27 години од постоењето на партијата или 124 години од основањето на Организацијата


ВМРО-ДПМНЕ овој викенд прославува 27 години од постоењето на политичката партија или 124 години од основањето на Организацијата.

Денеска ќе се одржи панел дискусија на тема „Економија и инвестиции“, која биде отворена за јавноста.

За во петок е планирана уште една панел дискусија која што ќе биде на тема „Инфраструктура и инвестиции во инфраструктурата во изминатиот период од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ“.

Во сабота, на 16 јуни ќе се одбележи роденденот на партијата или 124 години од Организацијата во 19 часот на просторот зад Музејот на жртвите од комунистичкиот режим и Музејот на ВМРО.

Мотото на годинашната прослава е „Единствени“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top