Вицешампионот во Бундес лигата Ред Бул Лајпциг го ангажираше второто големо засилување за новата сезона во младински репрезентативец на Португалија, Брума од Галатасарај. Тој потпиша договор за пет сезони, а Лајпциг плати обештеување од 18 милиони евра.
Брума е роден во Гвинеја-Бисао, потекнува во академијата на Спортинг Лисабон, а минатата сезона тој постигна 11 гола на 29 натпревари во турското првенство.
Ова е втор нов играч на „црвените бикови” за последните неколку дена. Претходно клубот го доведе Ибрахим Конате од Сошо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.