| четврток, 6 декември 2018 |

Бидејќи не се вакцинирани: Бебиња заболеле од опасната магарешка кашлица

На голема врата се враќаат опасни заразни заболувања поради пролонгирање или одбивање на задолжителното вакцинирање на децата. Две бебиња, едното од Скопје, а другото од Струмица, изминатите два месеци заболеле од голема кашлица или кај народот позната како магарешка. Дијагнозата им била докажана и клинички и лабораториски. Не ја примиле вакцината „ди-те-пер“ која штити од оваа тешка болест.

-Ова се загрижувачки податоци и се враќаме во минатото кога нема колективен имунитет и тогаш компликациите од болестите кои до сега се штитеа со вакцини можат да бидат и многу сериозни, вели аспазија Софијанова директор на Клиника за детски болести за „Сител“.

И минатата година имаше четири случаи на заболени со голема кашлица меѓу кои и 16 годишен тинејџер кој бил вакциниран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top