| четврток, 6 декември 2018 |

Земјоделците почнаа да ги фрлаат плодовите, немаат обезбеден пласман на пазарот: Каде е „животот“?

Најавите за подобрување на животот на земјоделците, очигледно не ги чувствуваат токму оние кои треба да ги чувствуваат, а тоа се земјоделците. Тие почнаа да ги фрлаат праските, поради тоа што не можат да ги продадат

Земјоделците почнаа да ги фрлаат плодовите, немаат обезбеден пласман на пазарот иако новиот министер за земјоделство пред неколку дена најави дека новата влада ќе биде отворена за решавање на проблемите на земјоделците.

Најавите за подобрување на животот на земјоделците, очигледно не ги чувствуваат токму оние кои треба да ги чувствуваат, а тоа се земјоделците. Тие почнаа да ги фрлаат праските, поради тоа што не можат да ги продадат.

Новата Влада како свој голем успех го претстави исплаќањето на субвенциите, кои беа воведени од старата Влада и секогаш редовно исплаќани.

-Утре почнуваме пак, во исто време, на исто место, тука сè се собира. Никој ни го враќа, ни праски враќаме, се оди – вели еден од земјоделците.

Инаку СДСМ во својата владина програма најави намалување на поддршката на земјоделците, кои беа еден од главните приоритети на претходната Влада, која обезбедуваше рекордно високи субвенции за развој на оваа гранка во нашата држава.

-СДСМ на големо ветува ставка на субвенции за набавка на земјоделска механизација кои ќе се даваат од 30% до 50% поддршка за земјоделците. Но, ова веќе постои и се применува и под подобри услови и повисоки износи. Сега се загарантирани 50% за субвенции за набавка на земјоделска механизација, односно 55% за млади земјоделци, за земјоделци од неразвиени подрачја е 60% поддршка, а за жени земјоделци 65%. А во најновата програма “Реално” предвидовме почетната основа да биде 60% поддршка. Со предлогот на СДСМ значи дека практично поддршката на земјоделците за набавка на земјоделска механизација ќе се намали од сегашните почетни 50% на почетни 30%, како што предлагаат, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Фејсбук на трети јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top