| четврток, 6 декември 2018 |

Неновски: Во изминатите 10 години имаше добра динамика на влез на странските инвестиции и тоа не треба да се менува

Универзитетскиот професор Томе Неновски на гостувањето во емисијата „од Наш Агол“ на Македонската телевизија, анализираше дека во изминатите 10 години имало добра динамика на влез на странските инвестиции и дека моделот кој го има воспоставено предходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кон привлекувањето на странските инвестиции, не би требало да се менува.

Според Неновски, странските директни инвестиции имале мултиплицирачки позитивни ефекти врз македонската енономија.

-Преку 500 македонски фирми почнаа да соработуваат како добавувачи за странските компании кои инвестираа во Македонија, се отворија нови студиски програми на техничките факултети, како резултат на побарувачката од фирмите за технолошко-технички високо-образован кадар. Државата почна да извезува стоки и услуги во земји во кои претходно не извезуваше, со еден збор, Република Македонија доби т.н. додадена вредност, односно се разви концептот (знам како) ,,know-how”, изјави Неновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top