Владата на СДС донесе исклучително штетна одлука за декласифицирање и објавување на субвенциите кои се даваат на странските инвеститори во Република Македонија, потег кој ќе влијае на потенцијалните инвеститори и нивните намери да дојдат во земјава да инвестираат, смета Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој на денешната прес-конференција истакна дека не е тајна, ниту е незаконски тоа што Македонија, како и повеќето земји низ светот, кои се борат за странски инвестиции, дава субвенции по некаква основа.
– Со оваа нова одлука владата ја руши конкурентоста на државата во однос на другите соседни и регионални држави кои исто се натпреваруваат за инвестиции. Секоја земја прави напори и води преговори со инвеститорите во тој правец. Тоа го прават и Србија, Бугарија, Романија, Чешка, Унгарија, но и одредени држави во САД и други развиени земји кога сакаат да привлечат голем работодавач. Компаниите кои доаѓаат не посакуваат јавно објавување на нивните договори и приходи по основ на субвенции, а тоа не и одговара ни на државата. Прво затоа што се откриваат позициите пред другите земји конкуренти, бидејќи најчесто за еден инвеститор во процесот на одлука се натпреваруваат најмалку 5-6 држави, а некогаш и повеќе, со различни понуди кои најчесто не се објавуваат, вели Груевски.
Според него субвенциите не треба да се објавата и затоа што секој нареден инвеститор ќе бара најмалку иста субвенција од оној кој добил најголема, што не е добро и ја става државата во подредена улога.
– Најавеното објавување еден вид официјално објавен ценовник за државната помош како и да го наречат тоа, во реалноста ќе резултира со многу загубени битки во однос на привлекување компании од странство да отворат нови работни места во Македонија, додава Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии