Универзитетскиот професор д-р. Томе Неновски на гостувањето во емисијата „Од Наш Агол” на Македонската радио телевизија, изјави дека прогресивната даночна стапка за персоналниот данок, кој за луѓето кои земаат плата над 60 000 денари, ќе треба да плаќаат 18% персонален данок е висока и може да предизвика даночна евазија во државата.
Според Неновски, многумина во приватниот сектор кои треба да плаќаат 18% персонален данок на своите приходи,ке гледаат фиктивно да ги намалат своите официјални приходи, со што би избегнале плаќање на 18% персонален данок, со што би се створиле сериозни ризици за даночна евазија, која би имала негативни ефекти врз македонската економија.
На прашањето на водителката на емисијата „Од Наш Агол”, како гледа на концептот повеќе пари за граѓаните, Неновски истакна:
-Идејата за враќање дел парите,односно во висина од 15% од вкупниот број на приложени фискални смети е благородна, но е тошко остварлива.
Посиромашните луѓе, секојдневно купаваат и трошат пари за работи за секојдневна потреби и на таа сума тие би добиле 15 % назад од своите пари кои ги потрошиле, додека побогатите луѓе би купувале коли, бела техника и други поскапи производи со што би добиле 15% назад од своите пари кои ги трошеле во текот на целата година-при што износот што би го добиле назад, би бил многу повисок.
Со оваа мерка, дополнително би се продлабочило општествено-социјално раслојување меѓу луѓето, односно јазот би станал поголем.
Идејата е благородна, но технички ќе биде тешко изводлива, прашање е дали во буџетот ке има прилив за ваква мерка, затоа што треба да се враќаат пари односно-15% од вкупната сума на сметките од цела година, барам така беше замислено, односно истите да се враќаат на крајот на годината, изјави Томе Неновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.