| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР предупредува: Не излегувајте од дома, циклонот е голем

Управата за хидрометеролошки работи попладнево предупреди дека поради најавите за локален пороен дожд и грмежи можна е појава на одрони и свлечишта. Се препорачува внимателно движење покрај суводолиците каде е можно брзо надоаѓање на вода.

– Особено треба да се внимава на локации каде водотеците и суводолиците се пресечени од патишта и разни премини и каде има било какви стеснувања на водните правци, се вели во соопштението од УХРМ.

Оттаму укажуваат дека во услови на нестабилност и локални интензивни врнежи можно е на удар да бидат суводолиците и водотеците со мали сливни површини кај кои брзо се формира речното истекување.

– Доколку процесите бидат поинтензивни и на мала површина за кратко време наврне поголема количина на дожд можно е брзо зголемување на водостојот, а при екстремни врнежи можно е и локално излевање на суводолиците и помалите реки. Ова особено се однесува на водотеците од Скопската Котлина и од масивот на Скопска Црна Гора каде според синоптичарите за кратко време се очекуваат големи количества на врнежи, посочува УХРМ.

Според најавите, во вечерните и ноќните часови се очекува променливо облачно време, а наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top