| четврток, 6 декември 2018 |

Моменти кои долго ќе ги памети: И рече дека авионот паѓа, па ја запроси (Видео)

Ентони Бордингнон одлучил својата девојка да ја запроси на необичен начин.  Ја повикал на возење со авион кој тој го управувал, а потоа, за време на летот и рекол дека нешто е расипано и оти има технички проблеми и моторот откажува. За таа цел и дал листа со совети против паника.

– Не примам никакви информации за контролата, можеби ќе мораме принудно да слетаме, рече Ентони.

На листовите хартија кои неговата девојка ги држеше пишуваше: „Овде е вереничкиот прстен. Почнете со процесот на негово „активирање“ и внимавајте на следните упатства“. Во продолжение таа го прочита и најважното прашање, а кога сфатила за што се работи, почнала да плаче и му рекла „да“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top