Летиција Каста и Луј Герет тајно се венчале на островот Корзика, пренесе OK Magazine.
39-годишниот модел и актерка и 34-годишниот актер се заедно повеќе од две години. Според италијанското издание Chi, Летиција Каста и Луј Герет склучиле брак минатата сабота и се ветиле на вечна верност на тивка церемонија одржана во градот Лумио на островот Корзика, каде што е роден таткото на невестата.
Децата на моделот беа сведоци на првиот брак на мајка си. Летиција има 15-годишна ќерка Мери од францускиот фотограф Стефано Седнуи, 10-годишен син Орландо и 8-годишна ќерка Афина од италијанскиот фотограф Стефано Акорси.
Двајцата со Герет секогаш грижливо ги чуваа односите од медиумите и нивни фотографии заедно не се појавувале.
Во октомври минатата година папараците успеаја да ги фотографираат, сепак, заедно во Рим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.