| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Пратениците на СДСМ покажаа дека се само обична гласачка машина (видео)

Би сакал да ја информирам јавноста дека утринава во еден часот и триесет и девет минути на нашите емаил адреси добивме предлог за избор на заменици министри. Материјал кој што е обемен заради тоа што има предлози со биографии. Овие материјали треба да се достават најмалку десет дена пред одржувањето на седница. За првпат имаме пракса, од денеска за денеска да бираме заменици министри, рече денеска пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ откако парламентарното мнозиство предводено од СДСМ на крајно нетранспарентен начин се обиде да ги протне замениците министри без притоа јавноста и останатите пратеници да имаат можност да ги разгледаат предложените биографии.

Димовски додаде дека наспроти тврдењата и ветувањата кои што СДСМ ги даваше дека Собранието ќе работи транспарентно и ќе отвара дебати за секоја тема, денес има ситуација со која се крши и Деловникот за работа и сите досегашни пракси за избор на заменици министри. Тој потенцираше дека пратениците на СДСМ не се ништо друго освен обична гласачка машина.

Не знам која е причината дали има нешто да се скрие, дали има некој од заменициве за кој што не треба да се дознае нешто пред да биде избран, но ова е спротивно на сето она што досега и господинот Џафери и господинот Заев го говореа каква улога треба да има Собранието. Собранието  и пратениците на овој начин навистина ќе има улога на гласачка машина, додаде Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top