| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: СДС сака набрзина да „протне“ кадровски решенија (видео)

-Ние бараме дебата и време за да можеме да разговараме за овие предложени решенија. Само во итни случаи може рокот од 10 дена да биде пократок. Овде немаме итен случај туку имаме еден ден во кој што ќе се тестира дали новата Влада и Вие како пратеник сте подемократи од она што го критикувавте како режим- со овие зборови процедурално се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на денешната собраниска седница каде на дневен ред се наоѓа точката за избор на заменици министри.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на обидот на СДС набрзина да ги протнат кадровски решенија и да избегнат дебата во Собранието за предложените решенија.

Во таа насока, Милошоски реагираше до Талат Џафери и го образложи членот 68 од Деловникот за работа на Собранието и уште еднаш повтори дека свесно се избегнува дебата и се крши Деловникот и членот 68 од Деловникот кој јасно вели дека материјали за седница до пратениците се доставуваат најмалку 10 дена пред одржувањето на седницата.

-Во членот 68 од Деловникот пишува, решението за свикување на седница на Собранието со предлог на дневен ред и материјали по прашања што се предлагаат за дневен ред на седницата на пратениците им се доставуваат најмалку 10 работни дена пред денот определен за одржување на седницата- заврши Антонио Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top