| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија и со порази оди напред на ранг-листата на ФИФА

Македонската репрезентација напредуваше за 6 позиции на најновата ранг-листа на ФИФА објавена денеска и во моментов се наоѓа на 78. место, со 460 бода. Иако загубивме од Белгија  двапати, сепак напредувавме на листата.

Нашата селекција и натаму е најслаборангирана во нашата квалификациска група за пласман на Светското првенство во 2014 година. Лидер е Хрватска со висок рејтинг, пласирана на 4. место, додека Белгија напредуваше за три скалила и сега е на 12. место. Србија, исто така, напредуваше, и тоа за четири позиции, па сега на 36.место. По нив следат Велс на 45. позиција и Шкотска, која е само четири места подоброрангирана од нас, на 74. место.
На врвот нема никакви промени меѓу водечките четири репрезентации. Шпанија е најдобра пред Германија, Аргентина и Хрватска, а понатаму следат Холандија, Португалија, Колумбија, Италија, Англија, Еквадор и Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top