Во понеделникот, состојбата на детето се влишила, тој престанал да јаде и немал сила да стане од креветот.
Лекарот констатирал вирусна инфекција!
– И покрај високата температура, осипот, дехидратацијата и целокупната влошена состојба, ми рекоја да си одиме дома, со неколку лекови, со констатација дека ако состојбата се влоши, да се вратиме назад – вели Наташа.
Следното утро, Оливер не можел да стане од кревет. Мислеше дека УМИРА! Температурата му беше висока, а усните отечени, почнале да му пукаат и крвават.
– Во тој момент збеснав, инсистирав да му земат крв, да му дадат инфузија и детето да го прегледа искусен педијатар, вели Наташа. Кога се појавил педијатарот се ужаснал, веднаш наредил да му земат урина и да му дадат инфузија.
Симптомите се температура, осип, отечени лимфни јазли, уста, јазик, стапала и раце, како и црвенило во очите. Оваа состојба најчесто не остава последици, но ако не се реагира навреме, може да се оштети срцето.
Сега веќе ја имаа вистинската дијагноза, почнаа да го лекуваат и веќе следното утро, осипот се повлече, а Оливер се чувствуваше многу подобро.
Сега е добар, се опоравува, а Наташа целата приказна ја сподели на Фејсбук. Таа потенцира дека Оливер е можеби меѓу ретките случаи кај кој во исто време се дијагностицирани две слични заболувања.
извор: nmd.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се првите симптоми на рак на дебело црево…
-
(Вознемирувачко фото) Докторка од грчките плажи апелира: Никако не смеете да го правите ова
-
Уште еден дипломат од американската амбасада во Куба заболе од мистериозната болест
-
Ова бебе има 23 години: Роден е 1995 година и престанал да се развива откако наполнил една година (видео)