| четврток, 6 декември 2018 |

СДС си прави партиско МВР

Оливер Спасовски  потполно го партизира МВР. На последната владина седница за нов државен секретар е избрана Магдалена Несторовска, која е истакнат член на СДС. Таа е координатор на советничката група на СДС во Општина Карпош, и член на форумот на жени на социјалдемократите.
Несторовска веќе беше беше шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кога тој ја вршеше оваа функција во техничката влада. Оливер Спасовски ја продолжи праксата наместо истакнати професионалци кои изградиле кариера во Министерството за внатрешни работи, клучните позиции да ги потполнува со партиски извршители кои во секоја ситуација ќе ги послушаат партиските наредби на штета на професионалните стандарди на работа.
Освен со Несторовска ваква пракса за време кога Спасовски беше технички министер се примени и во случајот со Владимир Пивоваров кој исто така влезе во кабинетот на Спасовски кој бил дел од комисијата за Безбедност на СДСМ. Горан Трајановски кој е член на социјалдемократскиот сојуз и беше Претседател на партиската комисија за информатичко општество беше назначен за Државен советник за телекомуникации и информатика.
Очигледно праксата за целосна партизација на јавната администрација од страна на СДС и Оливер Спасовски продолжува и на дело се остваруваат заканите на Заоран Заев дека во сите институции ќе влезат од чистачка до министер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top