| четврток, 6 декември 2018 |

„Антолог“ организира трет Летен саем на книгата

Издавачката куќа „Антолог“ го најавува третиот Летен саем на книгата, кој ќе трае цело лето. Под мотото „Направи си коктел од книги по сопствен вкус и уживај во големите попусти и во уникатните подароци“, „Антолог“ приреди многубројни изненадувања за да им го разубави летото на своите читатели.

– Ова лето на читателите им нудиме можност сами да си направат ’коктел‘ од наслови по сопствен избор, а во зависност од висината на сметката, ќе добијат соодветен попуст и дополнителни подароци од нас. Коктелите потсетуваат на плажа, на лето, на уживање, а ако сето тоа е збогатено и со омилените книги и автори, на задоволството му нема крај – велат од „Антолог“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top