| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Шапуриќ не го прочитал законот за странски инвестиции, па јавно се резили пред медиумите на СДС (видео)

Министерот без ресор во Владата на социјалдемократите, Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија вчера во изјава за 24 Телевизија покажа елементарно непознавање од регулативата за инвестиции во државата или пак сосема свесно сакаше да ги манипулира граѓаните, Шапуриќ пласираше целосни невистини во јавноста дека странските инвеститори се фаворизирани во однос на домашните, што е целосно не точно.

Очигледно Шапуриќ или не знае или свесно ја манипулира јавноста, бидејќи законот за државна помош на компаниите предвидува помош исклучиво за македонски компании, а страските фирми кои инвестираат во државата за да ја користат државната помош мора да регистрираат компанија во Република Македонија, кој подоцна ќе се јави како корисник на субвенциите.

Субвенциите од страна на државата се условени и покрај првиот услов компанијата да има регистрирано фирма во Македонија, таквата инвестиција да изнесува и минимум 10 милиони евра и да вработува минимум 100 луѓе, дополнително фирмата треба да е 100% извозно ориентирано, односно целосното производство да е наменето за странскиот пазар.

Токму затоа е сосема ирелевантно дали компаниите се странски или домашни, бидејќи тие секако мораат да имаат регистрирано домашен субјект кој ќе се јави како корисник на државната помош, од тука доколку одредена домашна компанија ги исполнува истите услови таа може да се јави како корисник на државната помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top