| четврток, 6 декември 2018 |

Тереза Меј до сопартијците: Јас ве доведов, јас ќе ве извлечам од оваа ситуација

Британската премиерка Тереза Меј им се извини на ториевците за изборните резултати и рече дека презема апсолутна одговорност.
-Јас ве доведов до ваква ситуација, јас ќе ве извлечам. Останувам на оваа позиција, ако вие сакате така- рече таа пред членовите на нејзината партија.
Меј истакна дека лично е одговорна и за распишувањето на изборите и за резултатите според кои нејзината конзервативна партија го изгуби мнозинството во Парламентот и сега мора да се потпира на други партии.
Во меѓувреме, одложен е говорот на кралицата што беше најавен на 19 јуни, додека траат преговорите за формирање влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top