| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА даде зелено светло: Фенербахче може да го регистрира Елмас

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, објави турскиот фудбалски гигант на својата интернет-страница. Ова значи дека Фенербахче ќе може да го регистрира Елмас.

Позитивната одлука што ја донесе ФИФА значи дека Елмас, кој на 27 септември ќе наполни 18 години, во иднина ќе може да настапува за својот нов тим.

Фенербахче ги поднел документите за регистрација во Фудбалскиот сојуз на Турција, што значи дека тој оваа година во официјален меч ќе дебитира во жолто-синиот дрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top