СДСМ и ДУИ го договориле новиот Закон за јазици, според кој собраниски и владини седници ќе се воделе на албански јазик. Така барем посочува тетовската градоначалничка и висок партиски функционер на ДУИ, Теута Арифи, во своето гостување во емисија на телевизија „Арт“.
Арифи одговарајќи на прашањето дали ги решиле прашањата за официјална употреба на албанскиот јазик со нивниот партнер, вели:
Да, тоа е дел од договорот кој го имаме за употреба на албанскиот јазик, што значи во законот за употреба на албанскиот јазик се предвидува водење на Парламентот на албански јазик. Значи, кога Законот ќе дојде во Парламентот и кога ќе се изгласа од Парламентот, нормално дека Претседателот на Собранието ќе може да ги води седниците на албански јазик, исто и функционерите на владините седници ќе можат да го користат албанскиот јазик. Ова е дел од Предлог- законот за употреба на албанскиот јазик за кој имаме договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)