| четврток, 6 декември 2018 |

Отишол во плиткото да се искапе, се сретнал со голема бела ајкула од четири метри!

Дејл Петерсон забележал дека некое огромно суштество се движи во плитките води во близина на неговата куќа во Пуертеситос во Мексико и со својот пријател побрзале да го спасат насуканото животно.

Меѓутоа, наместо кит, во водата го дочекала необично голема бела ајкула подолга од четири метри.

Откако ја снимил својата средба со застрашувачкото суштество, Петерсон ја објавил снимката на Фејсбук, од каде што стана вирална.

Се покажало дека ајкулата била повредена и дека најверојатно ја закачил пропелер на некој брод, но сепак, немала никаков проблем за да се извлече од плиткото.

Се претпоставува дека тука дошла за да лови ражи, кои инаку се значително поагресивни од неа самата. Една од нив го избола пријателот на Петерсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top