Во 13,50 часот на автопатот помеѓу Велес и Скопје се случила сообраќајна несреќа во која едно лице го изгубило животот, објави „Скопје Инфо“.
Според информации од очевидците, несреќата се случила после тунелот на патот од Велес во Скопје и во возилото се наоѓало едно лице кое најверојатно го загубило животот.
Во моментов трае увидот во несреќата, а од МВР најавуваат повеќе информации за текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.