Дванаесет лица, меѓу кои шестмина полицајци, се повредени кога Молотов коктел е фрлен синоќа во еден ресторан во Париз.
Три лица се здобиле со сериозни изгореници и се префрлени во болница, откако е предизвикан пожар во ресторанот, пишува „Дејли мејл“.
Со полесни повреди се здобиле шестмина полицајци, кои реагирале на инцидентот, а кој најверојатно е поврзан со грабеж, јавија локални медиуми.
„Паризиен“ објави дека во гаснењето на пожарот учествувале 50 пожарникари со 15 возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.