| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе понесе ли одговорност Таравари за смртта на девојчето?!

Девојче од Гостиварско, кое се жалело на болки во стомакот почина на пат кон болница – ова е насловот што денеска ја потресе Македонија.  На детето му била укажана медицинска помош во Гостивар, но  поради тоа што било со намалена функција на виталните органи, посериозно му се влошила здравствената состојба и со возило на Итна медицинска помош било упатено во Ургентен центар Скопје. Девојчето починало при транспорт.

Несреќа, трагедија… Кој сега ќе понесе одговорност за смртта на малечкото девојче?!

 

Како може да се дозволи девојче да почине во возило на Итна медицинска помош? Каде е првиот човек во Министерството за здравство Арбен Таравари? Чувствува ли барем морална одговорност?! Кој е виновен што згасна детски живот од болка во стомак – во 21 век?! 

Ова се само дел од прашањата кои јавноста може да ги постави, да каже срамота, се грижи ли власта за нешто во државата?!

Нехумано е да се злоупотребува човечки живот, особено детски живот за политички цели. Болест, болница, поединци – се може да се случи. Секој живот вреди, секоја загуба боли. Но никој не може да направи чудо. Едноставно некогаш сме немоќни – луѓе умираат во болници, при транспорт, умираат и поради човечка грешка – но дали сечиј живот теба да се стави во играта наречена „политика“?!

Токму тоа прашање денеска беше поставено на социјалните мрежи, беше поставено кај оние најгласните што за секој човечки живот го повикуваа Никола Тодоров, бараа оставка, го критикуваа, го „ставаа на бесилка“. Тогаш социјалдемократите излегуваа на прес-конференција за секој немил настан. Праќаа соопштенија за секој смртен случај во болница упатувајќи најостри критики и обвинувања на име на министерот за здравство. А сега молк.

Корисниците на социјалните мрежи коментираат: Сега улиците ќе се пошаренат. Црпнатите и шарените ќе протерстираат против Таравари

И сега шо правиме на Никола атентат сега крив ќе биде пак Никола или Таравари не Зајко е крив.

Како беше „министер за смрт“

И сега кога го нема Тодоров, кој ќе понесе одговорност за смртта на девојчето?! Кој треба да биде ставен на отстрел?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top