| четврток, 6 декември 2018 |

Лежел 17 години затвор поради двојник- ослободен е откако бил пронајден овој човек

Еден маж бил пуштен од затвор во Канзас откако отслужил 17 години за злосторство кое не го извршил, и тоа кога бил пронајден негов двојник.

Ричард Ентони Џонс е осуден на 19 година затвор за разбојништо во 1999. година. Тој бил прогласен за виновен за грабеж на основа на сведоштвото на неколку очевидци. Немало физички ДНК докази кои го поврзуваат со злосторството.

Тој од самиот почеток негирал дека го извршил злосторството.

Другите затвореници му кажале за затвореник по име Рики, кој изгледа како него, па во 2015. година Џонс се обратил до организација која се занимава со докажување на невиноста на погрешно осудени луѓе.

Тие откриле дека Рики живее во близина на местото на злосторството.

-Кога го видов својот двојник, се имаше смисла- рекол Џонс.

Сведоците, меѓу кои била и жртвата на грабежот, сведочеле дека откако ги виделе фотографиите и другиот маж, повеќе не можат да тврдат дека Џонс е човекот кој го извршил злосторството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top