Во документарниот фил „Денови на убивање – Приедор“ кој „Ал Џазеира Балкан“ го изработи по повод 20 години од масакрот кај Приедор во 1992 година, за првпат пред јавноста се откриваат екслузивни снимки од службите на јавната безбедност во Приедор снимени на 4 септември 1992 година. На снимката се гледа како припадници на српската полиција ги отстрануваат телата на убиените Хрвати и Бошњаци со цел да се сокријат трагите од бруталната егзекуција од 21 август во Приедор.
Пред 20 години српските власти во Приедор, поддржани од ЈНА, издадоа наредба според која сите Бошњаци и Хрвати мораа да ги одбележи своите куќи со бели чаршафи, а рацете со бела лента. Потоа следуваат прогони и убиства. Според процените на ОН во општина Приедор биле убиени и исчезнати најмалку 3.227 луѓе, вклучувајќи 256 жени и 102 деца. Случувањата во Приедор се сметаат за едно од најголемите злосторства извршени на територијата на БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.