| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан се расплака кога слушна што му порачал татко му (Видео)

Удирањето со глава кон Матераци во финалето на Светското првенство во 2006 година е момент кој ја одбележа кариерата на Зинедин Зидан, без оглед на сите брилијантни натпревари во дресовите на Јувентус, Реал Мадрид и Франција.

Жолтата минута на големиот Зизу во продолжението на натпреварот меѓу Франција и Италија во Берлин, беше дел од докумнтарец за животот на сегашниот тренер на Реал Мадрид, кој го спреми француската јавна телевизија ТФ1.

-Не сум горд на тоа. Не сум горд на тој гест поради сите млади луѓе, тренери и волонтери кои фудбалот го прават различен, порача Зидан кој емотивно се скрши кога во видеото го виде својот татко говорејќи колку го сака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top