| четврток, 6 декември 2018 |

Лекари и адвокати подготвуваат тужба против НАТО поради бомбардирањето на Србија

Специјален тим составен од домашни и странски адвокати и лекари во име на жртви, подготвуваат тужба против 19 членки на НАТО кои учествуваа во бомбардирањето на Србија, објави РТС. Лекарите треба да докажат дека постои врска меѓу порастот на најтешките болести и користењето ураниум за време на бомбардирањето.

Врз Србија во 1999 година според признание на НАТО, биле фрлени над 10 тони ураниум, воглавно на Косово, но и на четири локации на југоисток на Србија.

Веќе во првите две години по бомбардирањето е регистриран зголемен број хематолошки и бубрежни заболувања.

– Сега статистиката зборува за енормен процент. За епидемија на малигни болести, аномалии кај новородени, самиот факт дека кај едно дете дневно се утврдува малигно заболување, доволно зборува за ризикот, изјави Радомир Ковачевиќ член на тимот, кој е токсиколог во Институтот за медицина на трудот и радиолошка заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top