Најмалку 930 затвореници избегаа од затвор, a има 11 повредени во масовното бегство од затвор во Конго откако во него упаднаа непознати вооружени напаѓачи.
– Од 966 затвореници, останале само 30 што значи дека повеќе од 930 затвореници побегнале, изјави Палуку Кахонја од надлежната полиција.
Властите воведоа полициски час во градот Бени и околината. Најголем дел од затворениците во тој затвор се бунтовници од Здружените демократските сили, обвинети за масакр врз цивили во 2014 година.
Ова е второ масовно бегство од затвор во оваа држава откако пред помалку од еден масец во мај годинава во главниот град Киншаса побегнаа повеќе од 4.000 затвореници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија